Десетици илјади членови на мексикански семејства ја преминале јужната граница на САД во последните месеци.
Одлуките на Бајден да стави крај на задржување на семејства без документи во центри наменети за тоа и лансирањето апликација за закажување легални преминувања, веројатно придонеле за привлекување повеќе мексикански семејства. Фактор е и зголеменото раселување во делови од Мексико, главно поттикнато од насилствата меѓу картелите. Башка сиромаштијата и гледањето како другите мигранти ги користат своите шанси да упаднат во САД.
На оние што влегуваат преку апликацијата им се овозможува условен влез кој им овозможува да добијат работна дозвола за приближно шест недели и легално да останат во земјата до две години. Таквиот влез не гарантира долгорочен престој.
Но илегалците и натаму се најбројни. Само во јули, американските гранични патроли уапсиле над 10.000 мексикански мажи, жени и деца. За споредба, во цела 2019 година во ерата на Трамп имало само 6.000 илегалци.
Тие многу добро се информирани за промените во мигрантските политики па знаат дека често биваат пуштани да влезат, со обврска да се јават на суд. Ама оди после најди ги.