Кина во мај достојно па и помпезно ја одбележи 200 годишнината од смртта на Карл Маркс, што е разбирливо со оглед на тоа што државата се гледа себе како главен глобален носител на идеите на германскиот филозоф и економист.
Сенката на Маркс е угодна, ама само ако ти го држиш чадорот. Службите кои обично ги нарекуваме „си знае државата“ веројатно процениле дека марксистичките младински клубови во земјата знаат да бидат маскирни форми за непожелни политички ангажмани па доста од таквите клубови, главно студентски, во последно време имаат проблеми со продолжување на работата. Одеднаш остануваат без потребни простории или им се измислуваат нови потешкотии за натамошно функционирање.
Економист вели дека после новинарите и адвокатите, на ред да се притиснат се токму ваквите клубови кои иако мавтаат со исти идеолошки знамиња како и државата, често се седишта на неконтролирани слободарски активности и идеи.
Маркс секогаш добро им доаѓа на оние кои би да се побунaт против нешто. Тој и негови цитати биле користени дури и oд млади кинески приврзаници на каузата #MeToo кои сакале да им порачаат на професорите да не бидат сексуално нахални кон учениците и студентите.