Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Иран: Прво преговори за Ормускиот проток, подоцна за нуклеарната програма

27 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Иран им доставил на САД нов предлог за преговорите: Прво да се преговара за укинување на блокадите на Ормускиот проток и за крај на војната, а дури потоа да се отвори прашањето за нуклеарната програма на Техеран.
  • Извори на Аксиос тврдат дека иранското раководство е поделено околу тоа кои нуклеарни отстапки треба да бидат предмет на преговори и каде е „црвената линија“. Раздвојувањето на двете прашања би водело кон побрз договор за крај на војната.
  • Трамп не реагираше на оваа понуда, но го одолжи испраќањето на преговарачите Виткоф и Кушнер на нова рунда во Пакистан и за денеска свика состанок на тимот за национална безбедност во Ситуациската соба. Се смета дека крајот на војната би ја ослабило позицијата на Трамп на преговорите за иранската нуклеарна програма.
  • „Не гледам смисла да ги испраќам на 18-часовен лет во сегашната ситуација. Премногу е долго. Можеме да го направиме тоа и по телефон. Иранците можат да ни се јават ако сакаат. Нема да патуваме само за да седиме таму“, рече Трамп.
  • Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, во меѓувреме, пристигна во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Русија порано се спомнуваше како земја што би можела „безбедно да го чува“ иранскиот нуклеарниот материјал.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Жива е!

Град (изборен) херој

Човек на човека му е музичар

Разговор со Спиноза

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy