„Како овогодишен претседавач со БРИКС, Народна Република Кина активно го поддржува проширувањето на членството и меѓусебната соработка на БРИКС+“, соопшти портпаролот на кинеското МНР.
Претходно, јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса, обелодени дека Мохамед бин Салман изразил желба кралството да биде дел од БРИКС.
Саудиска Арабија е еден од најголемите светски извозници на сурова нафта, поседува 15 отсто од светските резерви на нафта и е основачка членка на ОПЕК.
Во септември и Алжир покажа интерес за приклучување кон алијансата БРИКС, пишувајќи му за тоа на Путин. Иран веќе објави дека поднел официјална апликација за членство во групата БРИКС а потенцијални членки се и Египет и Обединетите Арапски емирати.
Во споредба со Г7 кои опфаќаат 10%, земјите од БРИКС сочинуваат 40% од светското население и нешто повеќе од една четвртина од глобалниот БДП.