Кина бара како да ги направи момчињата „помажествени“

Во официјален допис кинеското министерство за образование се жали дека кинеските момчиња станале премногу „женствени“, и бара како тоа да го сврти во спротивен правец.

Делумно државата кривицата за ова ја префрла на новите идоли на младите, кои повеќе не се „силни спортски ликови како 'армиски херои'“ туку главно се млади актери и бој-бендови. Друг проблем е што голем дел од момчињата се одгледани од своите мајки и баби, додека татковците им се на работа во големите индустриски центри.

За да нема никакви заблуди околу намерата на властите, минатата недела министерство за образование објави документ со наслов „Предлог за спречување на феминизацијата на адолесцентите“.

Меѓу предлозите се повикува на целосно реформирање на физичкото образование во училиштата и засилување на критериумите за регрутирање наставници. Тие препорачуваат ангажирање на пензионирани спортисти и луѓе со спортско минато, и „беспоштедно развивање“ на конкретни спортови како фудбал, со тенденција кон „култивирање на мажественоста на учениците“.

Уште минатиот мај висок кинески функционер јавно изјави дека голем дел од кинеските момчиња станале „слаби, плашливи и само-покорувачки“. Според него постои тренд меѓу кинеските момчиња кон „феминизирање“, кое „неизбежно ќе го загрози опстанокот и развојот на кинеската нација“.

4 февруари 2021 - 14:52