Освен што му честиташе (со пола уста) за номинацијата за претседател, Круз во остатокот од говорот не го ни спомна името на Трамп, порачувајќи "ние се бориме, не за еден конкретен кандидат или за една кампања."
Кога заради својот говор, игнорирањето на Трамп и недавањето поддршка, беше исвиркан од делегацијата од Њујорк, матичната сојузна држава на Трамп, Круз одговори со "ја почитувам пасионираностa на делегацијата на Њујорк." За време на целиот говор ниту Трамп ниту некој од неговото семејство не му аплаудираше на Круз.
Иако Трамп за време на кампањата му даде доволно причини на Круз за овој да се воздржи од давање поддршка (навреди и клевети до жена му и татко му), сепак процената е дека Круз одлучил да стави сè на коцка во корист на изборите во 2020. За разлика од останатите републиканци Круз и понатаму ја има поддршката од големо малцинство од делегати, кои се уште жалат што тој не беше избран за републикански претседателски кандидат.
"Па наместо да застане зад кандидатот како што тоа други го направија, Круз стави кладба на кариерата, не само дека Трамп ќе изгуби, туку и дека Трамп ужасно ќе изгуби.
На некој начин тој е решен да го искористи својот момент за да го максимизира поразот на Трамп. Ако ова успее, Круз ќе го забетонира својот статус како еден од републиканските кандидати од 2016-та кој практикува политика мислејќи на иднината... Ова ќе успее само ако демократите есенва го поразат Трамп," пишува Брајан Бутлер во Њу Рипаблик.
Дејли Бист анализира дека со овој потег, само доколку Трамп катастрофално изгуби, Круз ќе биде запаметен како еден од малкутемина Републиканци на позиција кои одлучиле да не му дадат поддршка на кандидатот што ги изгубил претседателските избори.
Освен седењето со намуртена фаца на конвенцијата, Трамп реагираше и на Твитер, каде напиша дека говорот го прочитал уште пред почетокот, ама го оставил Круз да го одржи.
Целиот говор на Круз:
Во средата Круз имаше средба на отворено со своите симпатизери во Кливленд, токму во моментот кога таму прв пат го споменува Трамп, над нив прелетува приватен авион на кој од страна со големи букви е испишано "TRUMP".