Жителите на Саксонија и Бранденбург кои повеќекратно ќе одбијат да се самоизолираат откако биле изложени на ковид ќе бидат притворени. Владата на Саксонија објави дека за тоа ќе ги користи камповите кога сите други мерки, вклучувајќи и финансиски казни, нема да вршат работа.
Слично на ова и сојузната држава Шлезвиг-Холштајн планира повеќекратните прекршители да ги смести во домови за малолетници.
Ова право на сојузните држави се базира на закон за ковид донесен во март 2020. Но без разлика дали е легален или не, апсолутизмот е зачудувачки.
Граѓанските слободи може беа прегазени за време на пандемијата. Меѓутоа камповите за притвор на оние што одбиваат да се самоизолираат веројатно е најзастрашувачкиот пример до сега.