Ганџа има, овци да пасат

Стадо овци изеле над 100 килограми канабис откако во поплавените делови во Грција наишле на стакленик засаден со медицински верзија на растението. Овците биле запрени само откако на овчарот почнале да му изгледаат нешто чудно.

Истиот стакленик претходно настрадал во бурата што ја зафати Тесалија, за потоа да биде „дотепан“ од локалните овци.

Во одбрана на овците, тие по невремето имаат проблем да најдат свежа трева, па затоа се дале на канабисот.

„Не знам дали да плачам или да се смеам. Прво имавме топлински бран и изгубивме голем дел од производството. Потоа имаше бура, и изгубивме речиси се. Сега ова... Стадото влезе во стакленикот и изеде што беше останато. Искрено не знам што да кажам,“ изјавил сопственикот.

Периодов повеќе грчки земјоделци решија да инвестираат во производство на медицински канабис.

25 септември 2023 - 11:10