
Официјално се води како закон за заштита на „сензорното наследство“ на Франција и е воведен по неколку обиди да се „замолчат секојдневните аспекти на руралниот живот од страна на новодојденците кои сакаат мир и тишина“.
На ова претходеа неколку судски спорови меѓу жителите на рурална Франција и „викендашите“, кои по ново се нарекуваат „нео-руралци“. Еден од главните ликови во ова е петел по име Морис, кој судот во западна Франција во 2019 одби да го замолчи по поплаките од новите соседи кои купиле викендица во негова близина.
Освен петлите во сензорното наследство влегуваат и клопотарците на говедата, како и изметот од нив, галамата од сите останати домашни животни, тракторите и останатата машинерија која рано по сабајле татне по селските улици.
„Законот е симбол за растечките тензии во рурална Франција меѓу долгогодишните жители и дојденците чии идилични очекувања често пати се во судир со секојдневната реалност,“ пишува Гардијан.