„Смртната казна не смее да се применува во случаи во кои човечки живот не бил одземен“, гласи одлуката на американскиот Врховен суд (донесена во случајот Кенеди против Луизијана во 2008-ма година), на која гувернерот на Флорида сега ѝ пркоси, веројатно и како дел од неговата предизборна кампања за претседателски кандидат на Републиканците.
Минатиот месец тој потпиша и закон со кој се намалува потребниот праг за изрекување смртна казна по кој веќе не е задолжително таа од страна на поротата да биде предложена едногласно.
Новиот закон за силувачи на деца кој треба да стапи на сила во октомври, предвидува најмала можна казна за такво злодело да биде доживотен затвор.
Државата ќе бара од обвинителите кои бараат смртна казна во овие случаи да идентификуваат најмалку два отежнувачки фактори, вклучително дали обвинетиот има историја на сексуални насилства или дали имал старателска позиција над детето.
Републиканците имаат убедливо мнозинство во законодавните домови на Флорида но законот на ДеСантис доби поддршка и од Демократите чиј лидер се јави како ко-предлагач на законскиот текст.
„Ние во Флорида водиме сметка за децата“, изјави ДеСантис кој во моментов значајно заостанува зад Трамп во сондажите меѓу американските Републиканци.
********
Види и: