Мнозинство граѓани од земјите членки на ЕУ сметаат дека Унијата оди во погрешна насока, открива Евробарометар со последното истражување чии резултати се толкуваат како јасен аларм за будење на главните евро-бирократи. Со таков став се 44% од населението на ЕУ наспроти 32% кои проценуваат дека Унијата е на добар пат.
Сондажата на Евробарометар покажува дека мнозинството европски гласачи не се заинтересирани за учество на следните избори за Европскиот парламент а дури 63% од младите се во потрага по нови партии и движења на политичката мапа на кои евентуално би им ја довериле својата доверба.
Ваквиот моментален пулс сугерира дополнителен ветар во едрата на евто-скептиците и анти-естаблишмент групациите, расположение кое веќе се одрази во исходот на Брегзит, слабеењето на етаблираните германски партии и успехот на популистите во Италија и Австрија.
Шефовите на ЕУ решија да се борат со ваквата апатија со рекламни кампањи со кои ќе се таргетираат оние со мека поддршка за ЕУ. За оваа намена Европската комисија реши да одвои дури 30 милиони евра, надевајќи се дека ќе успее да ги мотивира вистинските гласачи на круцијалните избори а Европскиот парламент закажани за мај наредната година.
Сегашниот евробарометар покажува слична заинтересираност за европски избори како последниот пат во 2014 година, кога седми пат по ред падна излезноста на изборите и на европско застана на 43%, при што имаше земји како Словачка во која за пополнување на Европскиот парламент излегоа само 13%.од гласачите