Добро утро Шведска

Лудо е што можеш да станеш шведски државјанин без да знаеш ништо за Шведска, ќе порача новиот шведски министер за миграција, откако со децении земјата се полни со мигранти од секаков вид.

Министерот Јохан Форсел порачува дека споредено со другите држави во Европа, премногу е лесно за луѓето што се на шведска територија да добијат државјанство.

За време на радио интервју Форсел порачува дека е „лудо“ што има толку малку услови за добивање на шведското државјанство без ништо да мора да се знае за земјата или за јазикот. На разговорот му претходи соопштението од шведската влада за можно стегање на условите за добивање државјанство.

„Мислам дека Шведска е единствена држава во цела Европа, или можеби има само уште некоја држава, во кој човек може да стане државјанин без да знае ниту еден шведски збор.

Како ќе заработуваш за живот во Шведска ако не разбираш ништо на шведски, ако не зборуваш ни еден збор на шведски? Тоа е лудо,“ порачал министерот.

20 јануари 2025 - 14:57