Канокпом Тангсуан умира по алергиски напад кој се случува кратко време откако таа вечера во Дизни спрингс ресторанот во Флорида.
Аргументот на Дизни е дека случајот и барањето за оштета треба да бидат отфрлени затоа што сопругот на починатата, Џефри Пиколо, се согласил дека сите спорови со компанијата ќе се решаваат вон суд како дел од условите за користење што ги прифатил кога во 2019 го започнал својот пробен период на Дизни+ стриминг сервисот.
Дизни инситира на ова потсетувајќи дека Пиколо пред 5 години на својот Плејстејшн при активирањето на Дизни+ се согласил дека сите спорови со компанијата ќе се решаваат преку меѓусебна арбитража.
Од Дизни го потсетуваат вдовецот дека на истото се согласил и минатата година кога преку апликација ги купил картите за забавниот парк во кој е отруена неговата сопруга.
Починатата докторка кога го нарачува своето јадење на келнерите во ресторанот им нагласила дека има алергија на јаткасти плодови и млечни производи. Кратко откако го напуштаат ресторанот, Тангсуан почнува да има проблеми со дишење и колабира. Иако веднаш и е дадена инекција против алергија таа умира во локалната болница.