Стартапот Терапауер, финансиран од Гејтс, минатата недела ја почнал изградбата на својот прв комерцијален реактор во Вајоминг, каде во тек е гасење на електрана на јаглен. Очекувањата на Терапауер е дека новиот реактор ќе биде готов до 2030.
„Ќе вложам над една милијарда, а потоа ќе вложам уште бројни милијарди,“ изјавил Гејтс.
Едно до главните обележја на проектот е што нуклеарното гориво за електраната ќе биде купувано од САД, а не од Русија, како што е досегашната пракса.
Нуклеарната енергија станува се попривлечна како клучен дел за справување со климатските промени, главно затоа што нема никакви јаглеродни издувни гасови. Минатата година 25 држави учеснички на КОП28 климатската конференцијата во Дубаи објавија дека имаат намера за три пати да го зголемат својот нуклеарен капацитет.