Разно

Жената што ја плаќаа за да јаде

Ако на интернет има нешто тоа се девојки пред веб камери. Она што имало (веројатно) пред само една од овие веб камери е девојка од 290 килограми, на која и плаќаат за да ја гледаат како јаде.

Судбината на светот зависи од кинески средношколец

Како врвен пример на "ефектот на пеперутката" есејот на еден корисник на Веибо (кинескиот Твитер) за неполни неколку дена беше ретвитуван над 4.800 пати, привлече над 500 коментари и беше пренесен на неколку медиуми.

10-те најдобри реклами на 2012.

Кои беа најубавите, најзабавните, најмоќните, најинтригантните реклами на годината. Од вкупно десет, седум се американски. Од вкупно десет, пет се на BBH и Wieden + Kennedy.

Кога родителите ќе ветат

Имала само 16 години кога паднала во дијабетска кома. Последно што побарала од родителите било да ѝ ветат дека нема да ја остават. Починала деновиве, 42 години од ветувањето.

Викендицата што никогаш нема да ја имате

Кога во 1999-та Тим Бликсет го гради приватниот скијачки ресорт за ултра богати The Yellowstone Club (членство 250.000 долари годишно), тој не ни помислува дека во 2008-ма светот ќе доживее финансиска пропаст. Денес комплетниот ресорт е во банкрот и чека аукција. Последната цена му беше 28 милиони долари.

Нинџите од кино салата

Лондонско кино почна да вработува нинџи, не за обезбедување, не за уништување на конкуренција, туку за да внимаваат кој од публиката зборува за време на филмот.

Скапан свет

На последната пресметка американците фрлиле храна во вредност од 165 милијарди долари. За споредба, во 2010-та комплетниот буџет на САД за меѓународна помош (сосе воената) изнесува 57 милијарди долари.

Календарот ни е погрешен

Христијанскиот календар (оној што целиот свет ефективно го користи) не е точен заради грешка на еден монах, тврди човекот моментално одговорен за најголемиот дел од монасите во светот - Папата Бенедикт 16-ти.

Талибанци изгубени во Аутлукот

Талибанците се на добар пат да почнат да бараат нов портпарол, откако овој сегашниов им ги издаде сите соработници.

Кошмарот од токиското метро

Токио има околу 13 милиони луѓе, од нив повеќе од половина треба некако да стигнат на работа, од овие најголемиот дел користат јавен превоз. Последниот дел не сакате да го доживеете.

Колку се заработува во порното

Нешто слично како што за различна поправка на заб ќе добиете различна сметка, така и порно ѕвездите за различна сцена (по содржина) добиваат различна дневница. Почетната сума е 800 долари.

Зошто Кока-кола 70 години чинела само 5 центи

Во 1886-та шишенце Кока-кола чинело 5 центи, исто и во 1900-та, и во 1930-та и така цели 70 години. Како Кока-кола ја мина Големата депресија, стоици конкуренти и две светски војни без да ја крене цената?

Жени и конкуренција

Слично како и мажите, и жените поголем дел од времето трошат на зјапање во жени, отколку во мажи. Плус, жените не веруваат на комплименти од мажи.

Лос Анџелес ќе пости

Градскиот совет на Л.А. едногласно го прифати предлогот според кој цел град треба да престане да јаде месо. Сега за сега, предлогот е само за еден ден во неделата.

Тесла до Ромни: Кој е сега лузер?

Додека ја предаваше наградата за Автомобил на Годината на Model S седанот на Тесла моторс, уредникот на Мотор Тренд порача дека признанието е заради "севкупната извонредност на автомобилот, а не само заради тоа што тој е електричен." Ромни знаеше дека ова нема да заврши добро.

Авиони на стоење

Појасите на авионските седишта се бескорисни а и онака нема да ги спасат патниците во случај на несреќа, порачал првиот човек на Рајан ер, кој се обидува да ги воведе летовите на стоење.

Кога бакарот ќе удри на религија

Во Авганистан повторно ќе се руши еден будистички храм (над 2.000 години стар), само овој пат не од Талибанци туку од Кинези. И тоа за 100 милијарди долари.

Кој го донесе клучот за победата на Обама?

Аналитичарите деновиве на ангро мозгаат што беше пресуден фактор за победата на Обама: прецизната демографска стратегија, тајмингот на Сенди, бизнис профилот на Ромни.... Имаме два збора за нив: Нурсултан Назарбаев.

Излегување од 40.000 фунти

Официјално, објаснувањето зошто еден лондонски брокер потрошил 40.000 фунти (свои пари, ништо спорно) во еден бар во Лондон е - да го импресионира Бенисио Дел Торо. Неофицијално - никој не може да има објаснување за сметка до 40.000 фунти.

Дали се исплати да учиш факултет?

Ако се земе во предвид платата што ја "гарантира," факултетот е се помалку исплатлива инвестиција. Отприлика една петина помалку од пред 10 години.

Каде сè гласаат Американците?

Продавници, казина, берберници, мртовечници, дури и приватни домови. Ѕирнете на кои сè места Американците имаат можност да гласаат.

Инстант карма

Вест: Маж за време на срцев удар решава да си ја олесни душата пред овој свет и пред да умре признава убиство што го направил пред 17 години. Карма: останува жив.

Пилотот и Србинот

Пред 13 години Золтан Дани за малку ќе го убиеше Дејл Зелко. Пред неколку години се запознаа. Денес си одат по гости. Мало појаснување: Дејл е пилотот кој леташе со стелтот Ф-117 над Србија, Золтан е полковникот кој командуваше со противавионскиот ракетен систем што го собори невидливиот авион.

Вистинскиот Форест Гамп

По 15 години пауза од трчање, Дин Карнзес на својот 30. роденден се опива, излегува низ задната врата на барот и пеш оди до својата куќа. Во едно ќоше од тремот, ги догледува своите стари патики. Ги облекува, облекува маичка и почнува да трча. Се отрезнува, во соседниот град, 24 километри појужно.