Твитот со текст "Power out? No problem." (и горната фотографија) бил ретвитуван повеќе од 14.000 пати, фотографијата добила и над 20.000 лајкови на Фејсбук а за целата работа интернетот пишува веќе неколку денови.
Агенцијата зад рекламата во лет е 360i.
"Поставивме контролна соба во нашите канцеларии, со наши вработени и луѓе од брендот. Кога снема струја, тимот одма го виде тоа како шанса. Бидејќи луѓето од брендот беа со нас во канцелариите, одобрувањето (на креативата) беше брзо и завршивме работа за неколку минути," изјавила претседателката на агенцијата Сара Хофстетер.
Пред пуштањето на сликата на Супер Боул веќе мина спотот на Орео.
Како што објаснуваат од агенцијата "клучно за целата операција беше што директорите на Орео беа со нас и можеа одма да донесат одлука."
Неколку други брендови и реакцијата за Супер Боул:
Sending some LEDs to the @mbusa Superdome right now...
— Audi (@Audi) February 4, 2013