Таг: супер боул реклами 2013

Показна вежба: Твитер + маркетинг + креатива

Само неколку минути откако на Супер Боул се случи крајно неочекуваното снемување на струја, Орео (компанијата за колачиња) успеа да извади на Твитер реклама на темата и доби милиони долари во бесплатна реклама на најскапиот ден на маркетинг индустријата.

Сите реклами од Супер Боул 2013

Годинава го немаа Клинт Иствуд, ама затоа имаа фармер кој требаше да ја инспирира Америка, Бадвајзер удри на емоции, Тако Бел собра банда старци што сакаат да се журкаат, а Киа ја откри планетата од каде што доаѓаат сите бебиња (и животни и луѓе). Само за потсетување емитувањето на една реклама од 30 секунди, за време на Супер Боул чини 4 милиони долари.