Девојката која прерано стана милијардерка

Има 30 години, милијардерка е, во слободно време се трка со автомобили, плус нејзината компанија ги прави едни од најдобрите хамбургери во САД.

Линси Торес е најмладата милијардерка во САД и е сопственик на 1,1 милијарди долари вредниот In-N-Out Burger, еден од најпопуларните синџири за брза храна во земјата.

Прилично таинствена, за Линси се знае дека на чело на компанијата доаѓа по серија на смртни случаи и дека до сега (30-години) има 3 брака, од кој првиот на 17 години.

Компанијата ја отвораат дедото и бабата на Линси, Хари и Ештер Снајдер во 1948-ма. Хари останува на чело на компанијата до неговата смрт во 1976-та. По ова управувањето со компанијата ја превзема неговиот 24-годишен син Рич, кој загинува во сообраќајна незгода во 1993-та. По несреќата, прв човек на компанијата станува братот на Рич (инаку татко на Линси) Гај Снајдер. Тој во 1999-та се предозира со лекови против болки, по што управувањето го превзема неговата мајка (бабата на Линси) Ештер Снајдер. Во 2006-та, на 86 години починува Ештер. Неколку години по ова и доста корпоративно лактање, Линси станува првиот човек на In-N-Out Burger.

Додека сето ова се случува во нејзината компанија, таа се мажи прв пат на 17 години со нејзината љубов од средно, со кој се разведува две години подоцна. Во 2006-та повторно влегува во брак и има две деца. Со овој сопруг се разведува во 2011-та, а истата година се мажи по трет пат со актуелниот сопруг, автомобилскиот тркач Вал Торес.

In-N-Out Burger полека добива легендарен статус во САД, а заради обемот и квалитетот на бургерите тие со тек на време развија сериозно лојална база на муштерии. До сега имаат отворено 281 објект, претежно во западниот дел на САД.

6 февруари 2013 - 09:26