Ексхумацијата на поетот кој почина во септември 1973-та година е резултат на повеќегодишните сомневања во официјалната причина за неговата смрт.
Неруда недвосмислено боледувал од рак меѓутоа здравствениот извештај тврди дека тој починал од екстремна наухранетост, нешто во кое не можат да поверуваат многу кругови со оглед на тоа што поетот на денот на умирање тежел цирка 100 килограми.
Сомнежот вели дека се работи за убиство, со оглед на жестоката политичка ангажираност на Неруда во тие немирни години на Чиле, кога Пиноче прави преврат и умира Салвадор Аљенде, близок пријател на струшкиот венценосец.
Ваквото сценарио го разгори и возачот на Неруда кој лани обелодени дека агенти на Пиноче инјектирале отров во стомакот на поетот. Форензичарите признаваат дека ќе биде тешко да се утврдат дали навистина Неруда бил отруен.
Во 2011-та беше откопан и Аљенде бидејќи и неговата смрт беше обвиткана со контроверзи. Стручњаците потврдија дека не се работи за убиство како што се сомневаше јавноста туку дека Аљенде навистина си го одзел животот со калаш (ставен на рафална стрелба), добиен од Фидел Кастро.