Како не треба да се вози низ Москва

Главна карактеристика на сообраќајот низ Москва се руските (камикази) возачи и камерите на шалт таблите. Нормално, периодов сето ова е надополнето со мнооогу снег и замрзнати патишта.

И онака хаотичниот сообраќај низ земјата, сезонава е надополнет со неочекувано големите наноси на снег. Сето тоа предизвика вонредно голем број на сообраќајки. Само во понеделникот имаше 3.000 сообраќајки (без да се сметаат малите судири како гребнувања, набивања и потчукнувања). Видеово е од првата недела на јануари 2013-та.

Инаку, неодамна московската полиција уапси еден 22-годишен студент (не заради анти Путин протести), познат на ЈуТјуб под псевдонимот Black Devil, кој со својот Порше Кајен веќе некое време прави 'ршум по московските улици а видеата од своето возење редовно ги објавува(ше) на интернет.

Она што е карактеристично за Black Devil е што тој воопшто немал возачка дозвола а неговиот џип немал ни таблици. Освен овие прекршоци, тој е обвинет и за возење по тротоар, возење на црвено и генерално непочитување на сообраќајни знаци.

Едно од возењата на Black Devil на мотор:

9 февруари 2013 - 22:45