Позадината на оваа формулација е од пред неколку векови, кога жените се (генерално) безбедни и поштедени за време на судирите. Таа и во денешно време претпоставува високо ниво на невиност меѓу цивилите, конкретно жените и децата, кои се само жртви ама не и учесници во војната.
"Ама ако сакаме навистина да ги идентификуваме најбеспомошните жртви, тогаш треба паралелно со децата, да ги броиме и немоќните и старите. Наместо тоа ние само го трупаме бројот на убиени жени и деца, одржувајќи и повторувајќи застарени идеи за животот на жените и телата на жените," пишува Емили Гринхаус за Њујоркер.
Таа потсетува дека минатата година Пентагон дозволи жените да учествуваат во борба, а ги спомнува и сведоштвата на американските офицери кои раскажуваат како токму жените војници добиле вредни информации на теренот од Ирачанките, кои постојано одбивале каков било контакт со мажите од американската армија.
Меѓу примерите е и ветеранката од Ирак, Лана Дафи, која по експлозија на импровизирана мина завршува со сериозно оштетување на видот, проблеми со балансот и проблеми со меморијата. Кога Дафи оди на рехабилитација во воениот болнички центар Волтер Рид, таму доаѓа и нејзиниот поранешен сопруг, кој ја придржува додека оди и и' помага во текот на денот: "никој не забележа дека мојот бивши ми помага да одам наоколу, а не јас на него. Наместо тоа него постојано го прашуваа за тоа каде го повредиле и го бодреа дека изгледа одлично и дека тука бил дојден само за проверка."
"Во воената зона, ние ги перципираме жените како жртви кои треба да бидат заштитени.
Ова е настојчиво уверување, продолжува Дафи, 'дека девојките не страдаат во експлозии.' Жените кои биле ранети во војна велат дека постојано слушаат како 'едноставно се премногу чувствителни,' или дека 'не се способни или помалку способни.' Дафи смета дека е потребен дополнителен ангажман од страна на жените во војската: жените треба да бидат уште посилни за да покажат дека се доволно способни. Таа пишува 'Дали е ова двоен стандард? Да. Дали е глуп или погрешен? Можеш да се кладиш. Ама наместо да се жалиме за тоа, ајде да им докажеме...
Зборовите на Дафи наведуваат на големината на борбата на жените во војската против оние кои ја обезвреднуваат нивната работа и вредноста на жените што им се приклучуваат на мажите на военото поле. За да бидеме правични кон оние што ризикуваат се', треба да веруваме дека 'и жените страдаат во експлозии.'
Исто како што не ни се верува кога ќе видиме жена во битка, така ни е тешко да замислиме и маж цивил кој не е борец во судирот. Што би се случило ако жените, кои ние ги перципираме како невини во воените зони, ги сфатиме едноставно како жртви на војната, и дека нивната вредност не е ништо поголема или помала отколку онаа на машките цивили? Можеби тогаш би биле поправични и би имале повеќе почит кон жените војници, и би биле поблиску кон разбирање на големината на секој човек што сме го изгубиле," објаснува Гринхаус.