Вадење прамени за мажи

Исто функционира како кај жените, само што мажите не сакаат да бидат блондинки или црвенокоси, туку да изгледаат малку постаро, барем како Клуни.

Се повеќе возрасни мажи со совршено црна коса почнуваат да "вадат прамени" и тоа бело сиви, со кои би требало да добијат боја на косата слична на Клуни или Пирс Броснан.

"Речиси секој машки клиент што го имам ја бои косата," објаснуваат од еден од водечките фризерски салони во Лондон, според кои нарачката е истакнување и нијансирање на косата, брадата, а кај некои дури и веѓите.

Она што до сега го забележале фризерите е дека домашните рецепти за постигнување на овој ефект имале голема стапка на неуспех, и најчесто завршувале со сосема непосакувани резултати.

23 мај 2013 - 21:36