„Вашингтон пост“ пиша дека на Доналд Трамп ќе му биде екстремно тешко да ја оствари својата најавена цел да направи „undo“ на политиките на Бајден за животната средина и климата. За тоа ќе треба да се донесат стотици нови прописи за дупчење нафта, загадување на воздухот, хемиска безбедност и заштита на земјиштето.
Новиот претседател сигнализираше дека реконструкција на еколошката агенда на Бајден ќе биде главен приоритет.
„Првиот ден ќе потпишам укази за ставање крај на сите ограничувања на Бајден за производство на енергија, ќе ја прекинам неговата ненормална задолжителност за електрични возила, ќе ја подигнам неговата забрана за извоз на природен гас....“
Во неговиот прв мандат, Трамп често наидуваше на ѕид од судски спорови во обидите да ја поништи еколошката агенда на Барак Обама. „Пост“ објави дека демократските јавни обвинители и групите за застапување на животната средина биле ефикасни контра администрацијата на Трамп во федералното правосудство, убедувајќи ги судиите да застанат на нивна странана приближно во 40% од случаите.
Кога Трамп влегуваше во Белата куќа во 2017 година, имаше 127 празни судски места за пополнување. Сега има само 47.
„Уште првиот пат сфатија дека ако се оди по најкраткиот пат, ќе се изгуби на суд“, изјави за Пост директорката на Правниот факултет на Харвард за еколошка и енергетска програма Џоди Фримен. „Таму баш не е толку лесно како кога мафтате со вашето магично стапче за дерегулација“.
Откако Бајден ја презеде функцијата по првиот мандат на Трамп, тој успеа да врати околу три четвртини од еколошките политики на неговиот претходник.