Проблемот кај оваа равенство е тоа што последиците од мешање на твојата урина со хлорот не се ни најмалку бенигни како што си мислиш, па најдобро е сите да престанат со тоа.
"Ако беше само еден човек што го прави ова, тогаш мочањето во базен немаше да биде проблем.
Ама имаме докази што покажуваат дека има ситуации во кои концентрацијата на овие состојки, би можела, да достигне нивоа кои се штетни за човечкото здравје," објаснува истражувачот од Пурдју Универзитетот, Ернест Блатчли.
Хемиски урината е составена од голем број различни состојки кои можат да имаат интеракција со хлорот. Најголемата опасност доаѓа од мочната киселина и неколку амино киселини. Секоја од овие реагира во допир со хлорот и создава азот трихлорид и цијаноген хлорид. И двете состојки можат да бидат опасни во доволно висока концентрација.
Проблемот е што е неверојатно тешко во секое време да се знае колкава е концентрацијата на овие состојки во базенот, бидејќи тоа зависи и од други фактори како: колку луѓе има, колку е топла водата, кога последен пат е менувана и сл.
Првата хемикалија може да предизвика респираторни проблеми ако е вдишана, иритација на телото и пржење на очите. Втората исто така го иритира телото, ама може и да влијае на способноста на телото да го користи кислородот.
Самиот Блатчли објаснува дека во најголемиот број базени, ви водата нема да се достигнат токсичните нивоа на хемикалијата ама има одредени услови во кои хемикалиите можат да акумулираат "неприфатливо висока концентрација - на пример во базени со преголема гужва".
Според него, просекот е дека секој пливач остава меѓу 50 до 80 милилитри урина во базенот (чашка ракија е околу 50 мл).
За Блатчли решението не е во доставање повеќе хлор затоа што тоа најверојатно ќе доведе до посилни хемиски реакции. Наместо тоа треба да се работи на домашно воспитување - едноставно не уринирајте во базен.