Вселенскиот настан првпат бил забележан во 2019 година кога американски телескоп забележал „невообичаена светлина“ на оддалеченост од околу 300 милиони светлосни години.
Податоците покажаа дека „мирната“ галаксија во соѕвездието Девица мистериозно почнала да свети. Потоа, меѓународен тим го следел ова „невидено однесување“ и откриле дека галаксијата постепено станува посветла и зрачи повеќе светлина, спротивно од кој било друг сличен настан виден досега.
Тие веруваат дека ненадејната осветленост е предизвикана од масивна црна дупка која се буди во срцето на галаксијата и се „храни“ со околниот гас.
Доколку наодите се потврдат во понатамошни студии, тоа би било првпат научниците да забележат како црна дупка станува активна во реално време.
„Ова е нешто што може да ѝ се случи и на нашата Сагитариус А*“, вели истражувачката Лорена Гарсија, мислејќи на масивната црна дупка која се наоѓа во јадрото на Млечниот пат.