Тајната на златното доба

Еден од најлесните начини за манипулација на луѓето е истовремено да им најавиш серија на исклучително тешки и исклучително поволни настани. На овој начин им се одвлекува вниманието од сегашноста и се насочуваат кон иднината.

Ваквата мотивација се јавува во речиси сите светски религии во кои со години луѓето се заплашуваат со крајот на светот, додека истовремено им се ветува доаѓањето на златното доба во кое избраните ќе уживаат во сите можни привилегии.

Самата идеја за златно доба доаѓа од грчката митологија и легендата која се однесува на 4 (или 5) големи периоди низ кои минува човештвото. Таму прво е златното доба, по кое следуваат сребреното, бронзеното (јуначкото) и железното доба. Златното доба претставува период на мир, хармонија, стабилност и просперитет.

Ваквата поделба задолжително бара постење на моменти кога ќе се случат големите спектакли, кога ќе заврши едното и ќе почне периодот на другото доба. Па така со приближување на фамозниот 21 декември 2012, се повеќе станува јасно дека светот ќе постои и по овој датум, па сега предвидувањата за апокалипсата се одложува за 2021-ва.

целиот текст

24 септември 2012 - 15:11