Дел од девојките кои работат како трговец поединец за време на траењето на самитот наводно имаат резервирано соба во истите хотели во кои престојуваат учесниците на самитот. Дел од нивната стратегија за настанот кој почна на 16 јануари е да бидат во бизнис облека за да не се издвојуваат од толпата која деновиве е таму.
Од друга страна сопственичката на „сервис за придружба“ од Аргау, на околу 160 километри од Давос, за Билд изјавува дека веќе има 11 резервации за нејзините девојки, а 25-мина изразиле интерес за услугите. Таа објаснува дека наскоро очекува дополнителни резервации, а дел од ескортите се ангажираат и за да присуствуваат на најразличните забави што се организираат вон сесиите на СЕФ.
Секс работничката и писателка, Саломе Балтхус на Твитер пишува:
„Дружење во Швајцарија за време на СЕФ значи зјапање во цевките на оружјето на обезбедувањето во хотелските ходници во 2 часот наутро, а потоа делење со нив на чоколатца од ресторанот и оговарање на богаташите.“
Во 2020, британски Тајмс прави истрага во Давос и открива дека најмалку 100 проститутки присуствуваат таму за време на самитот.
На годинешниот самит учествуваат речиси 600 ЦЕО-а и над 50 државни лидери од цел свет.