Американските родители многу повеќе се загрижени за кариерата на нивните деца отколку за тоа дали ќе се омажат или имаат деца. Така покажува новото истражување на Истражувачкиот центар Пју.
Резултатите велат дека само една петтина од родителите сметаат дека е „исклучително“ важно нивните деца да се омажат или да имаат деца, додека речиси половина велат дека овие работи „воопшто не се“ важни. Спротивно на тоа, 88% од родителите сметаат дека е од витално значење нивните деца да станат „финансиски независни“ и „да имаат работа или кариера во која уживаат“.
Откако го прочитав ова, решив сам да проверам како стојат работите па отидов на LinkedIn. Како да сум влегол во чудниот свет опишан во истражувањето. Свет кој ги цени акумулацијата на богатство и задоволството од работата пред сè друго“, пишува Џејкоб Филипс.
Но ЛинкдИн открива и нешто друго што сондажата само површно го допира. Да се има работа или кариера во која ќе се ужива повеќе не значи да се биде добро платен и да се има пријатни колеги или пријатна работна средина. Не, денес работните места се сметаат за пожелни само ако служат за некоја поголема кауза или ако направат нешто за да го „направат светот подобро место“.
LinkedIn е полн со луѓе кои се перчат со наводно доблесната природа на нивната професионална активност. Вработени во фондови зборуваат за „поттикнување на промени“, сметководителите тврдат дека „денес ги решаваат проблемите на утрешнината“ а ХР апаратчици го цитираат Ганди охрабрувајќи нè „да бидеме промената што сакаме да ја видиме во светот“.
Сведоци сме на Боно- фикацијата на професионалната менаџерска класа. Се чини дека секој инвестициски банкар, секој корпоративен адвокат, секој проект-менаџер сега истовремено е и борец за благородни добри каузи.
Филантропијата на самиот Боно не е без критики. Во 2005 година, на врвот на активизмот за славните личности како Боно, писателот Пол Теру напиша колку е досадно да се биде „малтретиран за развојот на Африка од богата ирска рок-ѕвезда со каубојска шапка“. Теру ги испердаши контрапродуктивните стратегии на филантропите меѓу славните лица, укажувајќи дека тоа ја поткопува независноста на локалното население, дека е неефикасно и често поттикнува корупција. Според него, таа „фјужн филантропија“ повеќе служи за олеснување на совеста на богатите поединци отколку за искрено помагање на оние на кои им е потребна.
А во реалноста и не е таква за каква се претставува. Во 2010 година, Њујорк Пост објави дека само нешто над еден процент од донациите од 9,6 милиони фунти за фондацијата ONE на Боно отишле на сиромашните.
Во 2018 година, беше откриено дека ОНЕ избегнувала да плаќа локални даноци во Јужна Африка пет години по ред, и покрај нејзината мисија „за борба против корупцијата и даночната злоупотреба во земјите во развој“.
Се разбира, малкумина имаат богатство и профил за да се вклучат во филантропијата на нивото на Боно, но тоа не ги спречува професионалците од средната класа да се напнуваат да станат Боно-лити. Оваа „лап топ класа“ се чини не знае да си ја заврши работата без да верува дека истовремено го спасува светот.
Оваа надмена морална поза не доведе до никакви забележителни подобрувања во поширокиот свет. Структурната нееднаквост опстојува секаде, додека геополитичката нестабилност продолжува да расте. Овој псевдоактивизам не го спасува светот. Тоа е начин да се оправда богатството и статусот на професионалците од средната класа.
За среќа, градежниците, чистачите на улици и трговците немаат такви илузии за нивната работа. Тие разбираат дека целта на еден градежник да изгради куќа или канцеларии, а не да го промени светот.
Шуќур што е така.