Делумно причина за ваквиот развој на настаните е што наспроти целата пазарна логика, рециклирањето е-отпад во пракса е бесплатно за корисниците што го даваат отпадот, ама не и за компаниите што го рециклираат. Најчесто овој трошок е покриен од пари од даноци, производителот или некој проект. Рециклирањето би требало да се наплаќа за големите компании или за министерства на влада, меѓутоа и од кај нив компаниите за отпад најчесто бесплатно ја собираат старата електроника.
Базирано на студија од Базел мрежата и МИТ, документи од индустријата за рециклирање и разговори со луѓе од индустријата, заклучокот е:
- Вистинско, еколошки одржливо рециклирање електроника може да биде профитабилно само ако компаниите за рециклирање наплаќаат одредена сума кога ги подигнуваат старите машини; продажбата на рециклирани материјали ретко кога ги покрива трошоците за рециклирање во САД.
- Компаниите, владите и останатите организации се задолжени да ги рециклираат старите машини; затоа што има малку надзор или спроведување на ова правило, се појави секундарна индустрија на лажни компании за рециклирање кои ја поткопуваат работата на одржливите рециклирачи. Овие секундарни рециклирачи се прикажуваат себе си како зелени и одржливи, и платени се по неколку центи за носење стари телевизори, компјутери, печатачи и монитори. Наместо да ги рециклираат дома, тие ги продаваат на депониите во земјите во развој, директно или преку посредник.
- Овие странски депонии вработуваат евтина работна сила да ги откорне неколкуте вредни компоненти од старите машини кои обично се токсични. Остатокот од токсичните машини се оставени на самиот отпад или фрлени се во близина.
- Користејќи ГПС уреди, Базел мрежата открива дека 40% од компаниите за рециклирање електронски отпад во САД, паѓаат во категоријата "измамници."
Цените на делови од стари машини за продажба на големо (за 450 грама / 1 фунта). Годишно се проценува дека во САД се фрлаат околу 1,13 милиони тони електронски отпад: