
Ова се резултатите базирани на 9.796 соништа, и по сите нив мажите и жените имаат сосема различни теми за кошмари. Истражувањето има слични резултати со претходните студии на темата, кои покажаа дека женските сонови е поверојатно да се случуваат во затворени простории, како и тоа дека "во машките соништа има повеќе агресивност отколку во женските."
"Меѓучовечките односи повеќе се претставени во женските соништа. И затоа мислам дека во нивните кошмари е поверојатно тие да ги имаат овие ужасни расправии, или да бидат навредувани и понижувани од луѓе кои постојат во нивните вистински животи. Додека во машките соништа се работи за војни, катастрофи и наезди на инсекти, и тие вообичаено се сами во нив. Мажите обично се борат со овие работи и тие најчесто не завршуваат добро за нив. Меѓутоа кај нив нема општествен контекст, не се работи за луѓе кои ги знаат," објаснува професорот Антонио Задра од Универзитетот на Монтреал.
Тематски меѓу половите има разлика и во сексуалните соништа.
"Најголемиот дел од жените имаат сексуални соништа за нивниот сегашен партнер, некој бивши или некој што го познаваат од вистинскиот живот - колега или нешто слично. Во машките сексуални соништа ретко кога се појавуваат сегашните или бившите партнери. Наместо тоа ликовите кои тие најчесто ги сонуваат се комплетно измислени, луѓе кои не постојат. Значи тие не сонуваат ниту за филмски ѕвезди," покажува едно дополнително истражување на Задра кое се уште не е објавено.
Задра верува дека нашите сонови се продолжение на нашиот живот кога сме будни. Неговите бројки покажале и дека жените пријавуваат далеку повеќе кошмари од мажите.