Полиција вс. криминалци: кој убива повеќе?

Меѓу развиените земји САД го имаат најголемиот број на убиства со огнено оружје по глава на жител. Ако од оваа бројка ги одземеш криминалците и ги оставиш само оние убиства сторени од полицајци, САД на листата ќе бидат на - прво место.

Годинава до сега полицијата во САД има убиено 385 мажи и жени, а до крајот на 2015-та конечната бројка се очекува да изнесува околу 1.000 луѓе.

По оваа статистика, американската полиција во 2015-та со огнено оружје ќе убие повеќе луѓе по глава на жител, отколку што годинава ќе има вкупно жртви на огнено оружје во 19 од 34 земји членки на ОЕСР.

Бројот на полициски убиства во САД (се очекува да стигне до 939) ќе биде поголем и од вкупниот број на убиства во Франција (777) или Англија и Велс (602) или Германија (585).

На следната листа се изоставени бројките од Русија, Бразил и Мексико, "чии бројки на убиства се толку големи што ќе го направат остатокот од листата нечитлив ако биде вклучени на неа."

 

 

3 јуни 2015 - 11:55