Поголемо, најголемо, Амазон

Целта на Амазон е да има сè и во секое време. За да го постигнеш ова ти треба простор. И тоа многу. Само во САД компанијата има 28 магацини и центри за испорака. Најголемиот од нив е во Феникс, Аризона и има површина од 28 фудбалски игралишта.

И покрај распространетоста и бројот на магацински простор, Амазон планира да отвори два дополнителни центри за испорака во Калифорнија (тука се чуваат производите кои се нарачани, пред да бидат испратени до корисникот). На глобално ниво Амазон има вкупно 80 вакви центри.

Инаку подготвувајќи се за празниците Амазон веќе има најмено 50.000 привремени работници кои треба да помогнат околу очекуваната гужва.

Еве како изгледа центарот за испорака на Амазон во Феникс:

1 декември 2012 - 16:27