ПејПал кинел сметки на неподобни за време на пандемијата

ПејПал призна дека истакната активист за правата на децата, во  време на пандемијата останала без можност да располга со своите финансиски средства, откако „погрешно“ се изјаснила против затворањето на училиштата и задолжителните вакцини. „Ме исплукаа како екстремист ама времето покажа дека сум во право,“ вели Моли Кингсли.

Во интервју за британски Телеграф, основачка на една родителска група за заштита на децата откри дека нејзината сметка била суспендирана во септември 2022 година а како објаснување за тоа го добила одговорот „заради природата на нејзините активности.“

Тоа не била единствената сметка замрзната од страна на ПејПал за поединци или организации кои имаа да кажат нешто против официјалните политики за време на пандемијата.

Три години подоцна, Пејпал првпат призна дека го правел тоа, и во случајот со спомната Моли Кингсли и со сметки на други кои примале донации преку ПејПал ама имале „погрешни“ ставови за пандемијата.

Пред да донесе извршна одлука да ја остави Кингсли без пари, ПејПал имале изготвено цело досие за неа, вклучувајќи извадоци од книгата „Детска истрага“ на која таа е коавтор.

Кингсли ја формираше родителската група UsForThem, која водеше кампања за време на пандемијата против затворањето на училиштата и другите владини политики како што се принудување на учениците да носат маски и лобирање за масовно вакцинирање деца.

Нејзината ПејПал сметка била вратена дури по интервенцијата на тамошната управа за јавни приходи.

20 јануари 2025 - 14:41