Папата бара забрана на сурогат мајчинството

Поглаварот на римокатоличката црква одамна го смета сурогат мајчинството за нехумана практика која е понижувачка и за мајката и за детето. Пред некоја година ја нарече „матка на изнајмување.“ Франциско бара глобална забрана на оваа практика и порачува дека е жално едно дете да постои на основа на комерицјален договор.

Папата Франциско повика на глобална забрана за сурогат мајчинство оценувајќи дека оваа практика е „одвратна“.

Во обраќањето до амбасадорите акредитирани во Светата столица, Франциско го спомна сурогат мајчинството на списокот прашања кои глобално го загрозуваат достоинството.

„Таа жална пракса наречена сурогат мајчинство е сериозно нарушување на достоинството на жената и детето, засновано на искористување на материјалните потреби на мајката“, рече Френсис.

Папата порача дека дете никогаш не треба да биде „основа на комерцијален договор“ и апелираше до меѓународната заедница универзално да ја забрани оваа практика.

Сурогат мајчинството е контроверзно во некои делови на светот и многу земји - на пример, Италија - ја забрануваат оваа практика која Папата пред две години ја нарече „матка за изнајмување“.

Постојат два вида на сурогат мајчинство - гестациско или традиционално - кои се разликуваат по тоа како се создава ембрионот. Кај гестациското сурогат мајчинство, сурогат мајката не ја дава јајце клетката за оплодување. Во традиционалното сурогат мајчинство, биолошките јајце клетки на сурогат мајката се користат за процесот на оплодување.  Поглаварот на римокатоличката црква не влезе во правење разлики меѓу двата вида и генерално се осврна на практиката.

 

8 јануари 2024 - 19:21