Папа на распродажба

Веднаш штом почина папата Франциско на онлајн продавниците се појавија едно чудо нови сувенири со неговиот лик и потпис, од куклички на кои им се ниша главата до разгледници. Медиумското покривање за животот на папата и сè што се случува по неговата смрт ја крена цената на некои сувенири до илјадници долари. Бизнисот на уличните тезги низ Рим е зголемен за 20%.

Меѓу најскапите сувенири посветени со папата се врамени фотографии лично потпишани од Франциско. На Ибеј една достигна цена и од 3.999 долари (со бесплатна достава).

Потпишана картичка за размена била продадена за 1.299 долари. Златна поштенска марка достигна 44,95 долари, а свето масло благословено од Франциско е еден долар поскапо.

На продажба се и повообичаени сувенири - постери, бројаници, привезоци, маици, шолји, свеќи и кукли.

Еве некои од цените:

  • Налепница за браник: 3,99 долари
  • Маска за лице за забави: 8,95 долари
  • Капче Zuccheto благословено од папата: 300 долари (продадено)
  • Автобиографијата на папата Франциско: 24,87 долари
  • Мала таписерија: 7,50 долари
  • Декоративна чинија и чаша со лик на папата: 56,31 долари
  • Света вода: 11,96 долари
  • Лампион за новогодишна елка: 30 долари
  • Чорапи: 12,44 долари
  • Биста на папата: 69 долари.

Продажбата на сувенири по тезгите и продавничките низ Рим во изминатите неколку дена е зголемена за 20%. Најмногу се трошат вообичаените производи - магнети, бројаници, разгледници, календари и привезоци.

25 април 2025 - 13:45