Според договорот секоја земја членка се согласува на индивидуалниот план за намалување на емисијата на штетни гасови и е согласна на редовни контроли на прогресот.
За разлика Кјото, договорот од Париз е многу левтерен. Прво е не обврзувачки за "земјите да можат да ги кројат своите климатски планови според ситуацијата дома и да ги адаптираат на околностите". Второ нема казни за неисполнување на прифатените таргети. Надежта е дека овие политики ќе се спроведуваат преку директен притисок и дипломатија.
Затоа што договорот е не обврзувачки, нема казни ако САД одлучат да се повлечат од него. Она што е комплицирано е што процесот на комплетирање на повлекувањето трае околу 4 години. Олеснителна околност за Американците е дека можат веднаш да престанат да ги исполнуваат обврските од договорот. Секако некоја следна администрација би можела повторно да ги врати САД во договорот.
Порадикалниот потег на администрацијата на Трамп е да ги повлече САД од Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации, со што тие комплетно би се исклучиле од секаква работа на темата предводена светската организација.
До пред некој ден имаше вкупно 3 држави во светот што го немаа потпишано договорот: Сирија, Никарагва и Северна Кореја. Деновиве Северна Кореја го потпиша договорот.
Тоа што САД би се повлекле од договорот не значи дека американските сојузни држави би морале да ги прекинат програмите за спречување на климатските промени, што до сега ги имаат започнато.
Во договорот Обама потпиша дека САД до 2025 ќе ги намалат издувните гасови на 26 до 28 проценти под нивоата од 2005, и дека ќе дадат 3 милијарди долари за помош на сиромашните земји во борбата против загадувањето.
Првите луѓе на ЕУ, Кина и Индија ветија дека ќе продолжат со исполнување на договорот и без учество на САД.