Од маалото си патиме

Не само менталните нарушувања, туку и населбата во која моментално живеете и нејзините карактеристики можат буквално да ве излудат, објаснуваат од Универзитетот во Кембриџ.

И покрај тоа што има доста студии за поврзаноста меѓу урбаните средини и психозата, истражувањето на Кембриџ се обидува да објасни што точно во оваа околина делува дестабилизирачки на луѓето.

Она што заклучиле е дека има три одделни предзнаци за психоза кои можат да се идентификуваат во една населба: 1. зголемената густина на населението, 2. зголемената нееднаквост меѓу богатите и сиромашните и 3. зголемување на севкупната недостапност на социјални и економски ресурси.

Статистички резултатите биле прилично драматични: 1-процентно зголемување на економската нееднаквост или недостапноста била еднаква на 4-процентно зголемување на склоноста кон психоза.

18 декември 2012 - 10:22