На скорешната конференција за климатски промени во Дубаи, Кроутер ги истакна занемарените недостатоци на масовното садење дрвја, како што се задушувањето на биолошката разновидност и тоа што тоа сепак не е толку ефикасен заробувач на јаглерод како што некогаш се веруваше.
Најлоша нус-појава на неговиот некогашен апел е што садењето дрвја се користи како изговор да не се направи ништо за намалување на емисиите.
„Никој никогаш да не речеше „Ајде да засадиме трилион дрвја“, сега ќе бевме во многу подобра состојба“, вели еко-покајникот.
После првичниот оптимизам кој се „фати“ па компании како Шел издвојуваа стотици милиони за садење дрвја, бројките покажаа дека не оди тоа така па Кроутер зазема потрезвен тон околу неговата идеја.
Во последната студија пишува за фамозното „зелено перење“, измамничка практика на компаниите и државите да најдат алиби во нешто што прават, како на пример тоа што садат дрвја, за да ги покријат другите нивни штетни еколошки практики.