Опра е симната од тронот од страна на 61 годишната Фолоруншо Алакија од Нигерија чие богатство е проценето на 7,3 милијарди долари и е единствената жена меѓу 55-те милијардери кои ги има Африка.
Алакија во 80-тите студирала моден дизајн во Англија за да се врати во својата татковината и таму тесно да се поврзе со жената на тогашниот диктатор Ибрахим Баганбида, станувајќи ексклузивен стилист на владеачкиот џет-сет.
Благодареќи на истиот линк влегува во нафтниот бизнис и потоа е сè полесно. Додуша, последниве 10 години водела судски војни со актуелната влада која направила упад во нејзината сопственост во нафтната компанија но лани конечно го добила случајот.
Нигерија, Јужна Африка и Египет доминираат во листата на африкански милијардери. Алжир, Ангола, Зимбабве и Свазиленд имаат по еден. Од 53-те африкански држави, само 10 имаат милијардери. Најбогатиот на конитентот исто така е од Нигерија и тежи 20,2 милијарди долари. Двата најмлади милијардери имаат по 38 години.