Во сторијата на Бостон Глоуб, се објаснува дека републиканските функционери сега прават детална анализа на се што погрешиле во кампањата на Ромни, за тоа повеќе да не им се повтори со ниту еден друг кандидат.
Новинарот Мајкл Краниш (коавтор на биографијата Вистинскиот Ромни), пишува дека неговите помошници се уште не можат да поверуваат што ги снашло. Тој пишува дека цело време кампањата била длабоко поделена за тоа дали на изборите Ромни треба да ја промовира својата биографија или својот успех во бизнисот. На крај Ромни се согласил со својот менаџер на кампањата, кој сакал да ја истакне биографијата на Мит.
Меѓу другите работи што се откриваат:
- Директорот на Ромни за Охајо немал поим што прави тимот на Обама во сојузната држава. Во изјава за весникот Рич Бисон вели: "Сека знам што правеа со толку многу персонал и канцеларии. Тие буквално создаваа еден - на - еден контакти со гласачите."
- Во Охајо не бил збунет само директорот туку и Таг Ромни, кој кога го проучувал трошењето на Обама во сојузната држава не можел да најде шаблон. Зошто Обама толку многу трошел за време на внатре-партиските избори, кога тој и онака немал противник? Подоцна Таг сфатил дека тоа било клуч за победата на Обама.
"Гледавме колку пари потрошија за време на партиските избори и цело време мислевме 'На што ги трошат парите? Фрлаат многу пари.' Излезе дека не ги фрлале," изјавил Таг.
- Кампањата на Ромни сериозно заостанувала зад Обама во социјалните медиуми. Тие сакале да направат Фејсбук апликација за да ги лоцираат гласачите кои немаат фиксен телефон. Апликацијата била готова на 3 недели пред почетокот на кампањата и била симната околу 40.000 пати. Наспроти нив апликацијата на Обама била објавена неколку месеци порано и била симната 1 милион пати. Координаторот на проектот изјавил за весникот: "Можеме ли ние да направиме 80% од она што го прави кампањата на Обама, со 20% од времето и 10% од парите?"
- Ромни кон крајот на октомври се уште бил уверен дека ќе го освои Охајо. Тој дури и напишал меморандум во кој ја "исмејувал идејата дека би можел да изгуби во сојузната држава." Она што никој не го очекувал е комплетниот крах на хај-тек системот за следење на бројот на гласачи кои излегле на гласање.
- Веројатно главната изјава во целата сторија ја дава Таг Ромни: "Тој сакаше да биде претседател помалку од кого било што сум го сретнал во мојот живот. Тој немаше желба да се кандидира."