Мажите се глупи

88,7 проценти од сите идиоти на светов се мажи, се заклучува во студијата од школата Кинг Едвард VI-ти објавена во божиќното издание на Британскиот медицински журнал. Идиот, како човек што е поверојатно да загине заради некоја многу, многу глупа постапка.

Заклучокот е врз основа на собрани бројки од статистичката категорија - број на победници по пол на Дарвин наградите во периодот меѓу 1995-та - 2014-та.

Во овој период 88,7% од сите победници на Дарвин наградите се мажи, што за истражувачите е доказ за "теоријата за машкиот идиот."

Треба да се има предвид дека традиционално божиќното издание на журналот содржи несекојдневни и смешни студии на најразлични теми, како конкретнава. Сепак "истражувачите одамна знаат дека мажите, посебно младите, имаат тенденција да бидат поимпулсивни и да учествуваат во поризични активности отколку жените, факт што се покажува во повеќе типови податоци за јавното здравје, а да не спомнуваме досиеја од Брзата помош."

12 декември 2014 - 17:31