
Шоуто, базирано на чувството за провокативност кое потекнува од неговите почетоци во 90-те, има дневен просек од околу 3 милиони гледачи.
"Публиката, која доаѓа во студиото некаде пред 10 часот наутро, е изненадувачки свежа и млада. Нив ги дочекува човекот задолжен за публиката, кој гледа на секој можен начин да ги анимира. Продуцентите на разглас го објавуваат присуството на групи од локалните Универзитети, по што студентите стануваат за брз аплауз од останатата публика, надополнет со кратки коментари од продуцентите.
Кога Спрингер ќе застане на сцена јасно е дека веќе нема глупирање. Публиката механички реагира на секоја девојка која тверка или ползи по сцената, станува на нозе кога мажот ќе признае дека спиел со сестрата и братучетката на девојката што тверка. Постои едно карактеристично чувство дека сето ова претходно некаде си го видел.
Иако повеќе не може да тврди дека е предводник во шокантните содржини, Џери Спрингер шоуто е несомнено конзистентно во користење на една добро тестирана формула. Гледачите никогаш не се разочарани, затоа што Спрингер никогаш не им го менува форматот. Атмосферата на снимањата не изгледа спонтано, ама има нешто што весели во ветувањето дека нечија претерана реакција на некоја преувеличена приказна ќе се одигра на телевизија. Никој не е на Џери Спрингер шоу во потрага по слава, стварно, туку публиката и гостите бараат моментално признание од другите дека да тие се смешни или секси или гласни, и да, нивниот дечко е лузер, и да, дека чичко Џери мисли дека сето ова ќе биде ок.
Иако шоуто повеќе не е шокантно, публиката ќе продолжи да се враќа на него за нешто сосема друго: комфорот. Џери Спрингер го промени значењето на поимот 'одомаќено име', и иако неговите содржини повеќе не ги помрднуваат границите, тие цветаат во границите што сами си ги поставија во 90-те," пишува Емили Годет во текстот за Инверс.