Кон крајот на август, Блумберг објави дека британско-холандскиот нафтен гигант Шел тивко се откажал од претходно објавениот радикален план за намалување на емисиите на јаглерод на компанијата. Во меѓувреме, Шел ќе ги зголеми инвестициите во изнаоѓање и производство на повеќе нафта и природен гас.
Истиот медиум јави и дека кинеската влада одобрила изградба на повеќе нови електрани на јаглен отколку што моментално активни ги имаат САД. Новите термоцентрали се наоѓаат на места со огромен капацитет на јаглен. Иако растот на кинеското население стагнира, ова е премолчено признание дека е потребна повеќе енергија од фосилни горива за да се задоволи зголемената побарувачка за електрична енергија.
Во меѓувреме беше објавено и дека стапката на реинвестирање во шкрилци кај американските јавни компании кои се бават со тоа годинава годинава е највисока од последниот квартал во 2020.
Сите овие и други детали, укажуваат на тоа дека индустриите и владите ги рефокусираат инвестициите подалеку од помалку продуктивните шеми за зелена енергија, истурајќи повеќе капитал во зголемување на производството. Движечкиот фактор зад ова е очигледен: на светот му треба повеќе нафта, природен гас и јаглен за да обезбеди сигурна и достапна енергија за масите.
За разлика од Шел, БП и другите европски нафтени гиганти, американскиот ЕксонМобил не се ни извинуваше што планира да остане во суштина нафтена и гасна компанија.
Објаснија зошто: светот е назад зад амбициозниот план на ОН за доаѓање до „нет-нула“ во 2050 и таа динамика нема да се промени во следните 27 години.
Тоа почнува да станува консензус меѓу енергетските експерти.
Ексон предвидува дека до половината на овој век, конвенционалните извори на енергија сепак ќе обезбедуваат 69 проценти од глобалната енергија.
Спротивно на предвидувањата на Меѓународната агенција за енергетика и на како и на масовниот медиумски наратив поврзан со енергетската транзиција, ЕксонМобил предвидува дека до 2050 година побарувачката за природен гас ќе се зголеми за над 20 проценти.