
Апелациониот суд во САД реши дека Сиетл не може да бара од објавувачите на Жолтите страници да вадат посебни дозволи за да смеат (бесплатно) да го разнесуваат именикот.
Основата по која Жолтите страници го добија спорот е првиот амандман од американскиот устав, според чие толкување забраната за доставување на именикот значи и прекршување на гарантираното право на слободен говор.
Од судот објаснуваат дека се свесни дека именикот повеќе ја нема истата улога во животот на Американците како некогаш и дека неговата функционалност е заменета со интернетот, но и покрај тоа слободата на говорот е гарантирана и таа не зависи од нечие гледиште за квалитетот на конкретната содржина.
"Првиот Амандман не го заштитува правото само во зависност од перципираната вредност на одреден говор" стои во одлуката на судот.