Зборувајќи за документарецот "Звукот на спортот," поранешниот продуцент на БиБиСи, Бил Вистон, објаснува дека дел од звуците што ги слушаме на преносот воопшто ги нема во реалноста.
Тој конкретно зборува за коњичките трки и дека звукот на копитата никогаш не се снима со видеото.
"Кога снимаме трки со коњи, нема некому да му речеме да трча околу патеката по коњите. Нема начин. Повремено ќе налеташ на некој кадар од близу, од подвижните камери, ама во тој случај имаш голема бука од моторот на камерата и на тоа не можеш да ставиш микрофон.
Значи, во основа начинот на кој ги покриваш овие настани е со снимен звук од коњи во галоп, кој во основа, ако добро се сеќавам е забавен звук од бизони во трк. Тоа е прилично стандардна пракса и мислам дека веројатно истата снимка со години се користи," објаснил Вистон.
Слична е ситуацијата со стрелаштвото, веслањето и нуркањето.
За Олимпијадата ќе бидат ангажирани 600 тонци, кои ќе работат со околу 4.000 микрофони.