Демократската партија со децении се потпираше на Холивуд за поддршка во финишот на изборите и други важни политички настани. Сега таа алијанса е разрдмана.
Извршниот директор на „Ендевор“, Ари Емануел, почна да алармира веднаш по дебатата Бајден- Трамп со јасна порака дека Бајден треба да се откаже.
„Тој и неговите цела година ни викаа дека е здрав и во најдобра кондиција“, се поплака тој.
И коосновачот на Нетфликс Рид Хестингс го повика Бајден да се повлече. Тој и неговата сопруга имаат донирано милиони за Демократите. Претседателот на IAC, холдинг кој држи стотина медиумски и интернет брендови, Бери Дилер, изјави тој и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фирстенберг, повеќе не го поддржуваат Бајден.
Ваквите коментари не се само погубни за кампањата на Бајден, туку и за самата партија бидејќи им се најавува секнување на парите додека не го сменат Бајден.
Правоверната Абигејл Дизни, долгогодишен поддржувач на Демократите, изјави дека планира да престане со какви било придонеси за партијата „додека не го заменат Бајден на гласачкото ливче“.
Холивудските моќници се чувствуваат измамени најмногу од нивниот човек Џефри Каценберг, филмски могул кој стана копретседавач на кампањата за реизбор на Бајден, кој ги мафтал за здравствената и ментална состојба на Бајден.
Пред дуелот на кој се виде дека „царот има заборавено дека е гол“ одеше мазно. Пред еден месес, со Кимел како водител а Обама, Џорџ Клуни и Џулија Робертс како гости, беа собрани 30 милиони за Демократите. Едеен месец претходно, со Колбер, Квин Латифа и Лизо, беа собрани 25 милиони долари донации за партијата.