Најавеното интервју на Такер Карлсон со рускиот претседател може да резултира со санкции за него од Европската унија, му дојавиле на Њусвик сегашни и поранешни членови на Европскиот парламент.
Еден од нив, Гај Верхофстад, иаку поранешен премиер на Белгија, побара Унијата да воведе и забрана за патување на американскиот новинар кого го опишува како мегафон на Трамп и Путин.
„Зошто правиме интервју со Путин? Затоа што тоа ни е работа, во новинарство сме“, рече Карлсон во „отчетот“, порачувајќи дека јавноста има право да знае сè што може за војната во која се вовлекува.
Тој објасни дека покана за интервју има и Зеленски, но за вистинско интервју, а не за онакви на какви е навикнат од корпоративните медиуми, кога само му се сервираат шанси да го убедува Западот уште повеќе да влезе во војната која ја финансира. „Тоа не е новинарство, тоа е пропаганда,“ порача влијателниот Карлсон.
Верхостад и други истомисленици бараат ЕУ да го покрене тн. „External Action Service“, дипломатско орудие на Унијата преку кое се управува надворешната политика на ЕУ.
Некој уште верува дека е тоа истиот Запад во кој бевме зацапани?