Маск потврди дека сменил место на живеење само неколку дена откако обелодени дека од Калифорнија во Тексас ја преселил својата Фондација преку која дава грантови за обновливи извори на енергија, вселенски проекти, педијатриски истражувања, развој на вештачка интелигенција и научно образование.
Летово Маск објави дека Тесла гради гигантска фабрика во Остин, на 800 хектари, вредна 1,1 милијарда долари. И СпејсИкс е сериозно присутен во Тексас.
Калифорнија ја спореди со спортска екипа која предолго била на врвот па својата позиција ја зема здраво за готово и попат се опушта во славата.
Потсети дека не само тој туку и други автомобилски и аеро компании веќе ја имаат напуштено Калифорнија. Ако некогаш таму имаше дузина фабрики за производство на автомобили, денес во Калифорнија работи само Тесла. Слично е и со компаниите од аеро-индустријата.
Тесла неделава за првпат премина пазарна вредност од 600 милијарди долари а личното богатство на Маск е 155 милијарди, што го прави втор најбогат човек на светот, после Безос од Амазон.