Буквата Ё (чиј изговор е - јо) полека ги губи двете точки и се повеќе луѓе ја пишуваат како обично Е, што и не е некоја голема грешка. Разликата меѓу овие две букви е причината зошто Русите својот поранешен лидер го знаат како Хрушчев, кога во остатокот од светот тој е ословуван како Хрушчов.
Еден од претставниците на движењето за заштита на буквата (кои изградија и споменици на буквата во два руски градови, напишаа книги за нејзиното користење) 80-годишниот инженер Виктор Чумаков, верува дека причината за изумирање на буквата е резултат на тајни активности на ЦИА.
"Во секоја земја азбуката е инструмент за воведување на ред. Ако таа не е почитувана, се се распаѓа," објаснува Чумаков, чии главни противници се членовите на Рускиот јазичен институт кои сметаат дека не е задолжително користењето на двете точки над буквата.
Чумаков смета дека ЦИА стои зад изјавите на институтот и дека таа е одговорна за нивните ставови, чија крајна цел е дестабилизација на државата.
Она што е важно во целата работа е што портпаролот на ЦИА се чувствуваше обврзан формално да ги отфрли обвинувањата дека американската шпионска агенција е виновна за намалената популарност на буквата.
"Нема апсолутно никаква вистина во овие обвинувања. Агенцијата го поддржува користењето на правилна граматика и изговор во секој јазик," изјавил портпаролот на ЦИА за Вол Стрит Журнал.