Познатата политичка лудара од Русија, убернационалистот Владимир Жириновски моментално е намерачен да исфрли една буква од руската азбука. Му правела проблеми на син му, а греота е детето.
Во прашање е седмата буква од руската азбука (Ё - ё) која во последните неколку децении константно ја губи популарноста и која е на добар пат да биде избришана од азбуката. Луѓето кои ја бранат буквата сметаат дека сето ова е масло на ЦИА.